Снежното невереме кое ја зафати Велика Британија предизвика големи проблеми во Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија.


Во пониските лиги веќе се одложени речиси 20 натпревари, а нема да биде изненадување доколку бидат одложени и поедини натпревари во Премиер лигата, каде викендов треба да се одигра 23-то коло.

Во Лига 1, Лига 2 и поедини Конфереции, ФА веќе одложи 19 натпревари, а под знак прашалник се премиерлигашките средби: Саутемптон-Евертон, Васт-Хем-КПР, Виган-Сандерленд и неделното дерби Челзи-Арсенал.

“макфакс“