Поради интензивните врнежи од снег и потребата од тековно одржување на градските сообраќајници, со одлука на Општина Охрид и СВР Охрид, од денеска на сила стапува забрана за паркирање на сообраќајните површини на позначајните улици во градот.
На улиците каде ќе се применува новиот сообраќаен режим ќе бидат поставени соодветни сообраќајни знаци, а граѓаните покрај од медиумите, за измените ќе бидат информирани и од полицијата со усмено и писмено предупредување.
– Возилата ќе бидат отстранувани со специјалното возило „пајак“ и ќе бидат пренесувани до најблиското место, а сопствениците на подигнатите возила ќе треба да се обратат до Полициската станица каде ќе добијат информација каде се наоѓа нивното возило. – информираа преставниците на СВР Охрид.
Полицијата започна со предупредување
Измената во режимот на сообраќај ќе биде во сила се додека за тоа има потреба, односно додека траат врнежите од снег.