Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука вондредната 22-та рунда која требаше да се одигра сред недела на програмата да биде во недела.

ФФМ на ваков потег се одлучи поради големото количество на снег кое заврна вчера и во текот на денешниот ден ширум Македонија, како и за терените кои се под снежна покривка.

Пролетната полусезона ќе претрпе целосно поместување на распоредот, но нема да се осети, бидејќи една рунда во месеците кои доаѓаат ќе се одигра сред недела место викендот и ќе се надополни ова одложување.

Со новиот распоред Првата македонската фудбалска лига ќе заврши на 20 мај.

OhridNews