Снегот кој наврна деновиве, ја поттикна креативноста и уметничкиот талент на голем број граѓани. Освен снешковци кои ги имаше во голем број насекаде низ Охрид, се правеа и најразлични други фигури кои го привлекуваа вниманието на минувачите.



Група млади сограѓани, синоќа, инспирирани од снегот и својата љубов кон моторциклите, направија несекојдневна снежна скулптура. На просторот пред градската библиотека “Григор Прличев” изработија чопер од снег во природна големина.

OhridNews
Фото: Миле Илоски