Поради лошите временски услови, планираната вежба за евакуација на училиште во услови на катастрофа, што требаше да се одржи денеска, се одлага, соопшти Црвениот крст. Датумот кога ќе биде изведена дополнително ќе биде одреден.

Во рамките на  своите активности во
делот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид со
поддршка на Црвен крст на Македонија и Меѓународната Федерација на Црвен
крст и Црвена полумесечина од Женева, реализира проект “Проценка на
ризици и заштита од катастрофи”.


Проектот се спроведува во 8
основни и 1 средно училиште на територијата на општините Охрид и
Дебарца, а има за цел да го подигне нивото на знаења кај вработените во
образовните институции и учениците, за делување и заштита во случај на
катастрофа, соодветно на елаборатите за заштита и спасување и плановите
за евакуација.

OhridNews