Денеска ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови и на највисоките планините ќе се од повремен снег. Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а преку ноќта ќе се поинтензивни насекаде. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Врнежи од дожд ќе има и во вторник, а во среда и во ноќта кон четврток само понекаде на западот ќе има локален дожд. Во вторник и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот, информира УХМР Македонија.

OhridNews