Во организација на Клубот на млади на Црвен Крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид, денеска, на плоштадот во Охрид, се одржа социјален експеримент, во рамки на кој волонтери делеа прегратки на минувачите, со цел да се подигне јавната свест за борбата со ретките болести. Снегот и студеното време не ги спречија младите волонтери да ја реализираат хуманата активност.

Од настанот ќе биде изработен и видео спот, кој официјално ќе биде промовиран на Денот на ретки болести, на 28.2.2018.

OhridNews