Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчерашните врнежи од снег,  во општина Охрид, не предизвикале поголеми проблеми. Патиштата во градот и околината се проодни, со мали исклучоции кога станува збор за повисоките планински села, каде според нивните информации, патиштата се проодни, но движењето се одвива отежнато.


Најкритично е во дел од струшките планински села, меѓу кои Горна Белица, областа Малесија, каде патиштата воопшто не се проодни. Се очекува во текот на денот службите од Македонија пат да работаат на расчистување на пристапните патишта кон селата кои снегот ги отсече од градовите.

OhridNews