Новите врнежи од снег што попладнево ги зафатија западните делови од земјава, предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот.Попладнево во близина на селото Косел, охридско, лесно товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Поради незгодата, сообраќајот на  патниот правец Охрид – Ресен се одвива отежнато.

Очевидци велат дека условите на патот Охрид – Ресен се лоши, а поголем застој на Буково предизвикал шлепер кој се излизгал и го попречил патот. 

Како што информира АМСМ, забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и на планинските превои Стража,  Буково и Ѓавато. Поради врнежи од снег сообраќајот на патниот правец Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар е во целосен прекин за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонијапат.

OhridNews