Од тежината на влажниот снег кој во текот на вчерашниот ден и ноќта паѓаше во охридскиот регион, оштетени се бандери и електрични столбови, а делови од Дебрца немаат електрична енергија повеќе од петнаесет часа.

Низ Охрид можат да се забележат паднати гранки од дрва и наведнати бандери кои попуштиле од тежината на снегот. Од рано утрото на терен се дежурните служби на јавното комунално претпријатие кои ги расчистуваат тротоарите во градот.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Во крајните западни делови со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 3 степени Целзиусови. 

OhridNews