И додека едни уживаа во зимската идила пешачејќи низ градот и правејќи фигури од снег, други решија да отидат онаму каде снежната покривка е највисока и на места достига над 2 метри.

Четворица наши сограѓани Филип Дудан, Владимир Марковиќ, Јован Јованоски и Ангел Куртелов, деновиве се искачија до планинскиот врв Магаро на планината Галичица, каде на висина од 2255 метри надморска височина  имаа можност да уживаат во прекрасните зимски пејсажи.

OhridNews