Сообраќајот на сите патни правци се одвива тековно, во зимски услови. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Р-409 Крак-Маврово –Дебар, Струга –Ќафасан, Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, информираат од АМСМ. На овие места е задолжителна употреба на зимска опрема за останатите видови на моторни возила.

Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради почеста појава на одрони.

Во
општина Охрид сите магистрални и регионални патни правци се исчистени, а
сообраќајот се одвива во зимски услови. На
планинските превои Буково и Пресека сообраќајот се одвива отежнато, во
зимски услови, а воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Центарот за управување со кризи.

    

Во општина Дебарца, магистралниот и регионалниот пат е прооден за
сообраќај, а на сите локални патишта се интервенира и
сообраќајот се одвива без поголеми застои. Снежната покривка изнесува
околу 50 см.

OhridNews