По обилните врнежи од дожд, вечерва во Охрид паѓа снег. Веќе е формирана снежна покривка, а врнежите се интензивираат.

На терен се екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од каде апелираат граѓаните да ги дислоцираат своите возила од коловозот, поради расчистување на снегот и посипување со ризла и сол.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека пообилни врнежи вечерва ќе има во западните и северните делови од земјата, каде ќе се формира нова снежна покривка (15-25см). Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, на места над 70км/час.

OhridNews