Снежно невреме ги погоди Северна Каролина и Вирџинија, предизвикувајќи хаос во сообраќајот, а стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија. Поради големиот број на сообраќајни несреќи поради снегот на патиштата имаше големи застои, а стотици летови беа откажани.

Полицијата во Северна Каролина и во Вирџинија соопшти дека стотици сообраќајни несреќи се пријавени во неделата.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер ги повика граѓаните да не патуваат и ги советуваа да останат дома, објави Б92. Во Кинстон, Северна Каролина, петчлена екипа на нуркачи е во потрага по возач на камион кој изгубил контрола над возилото и излетал од патот во реката, објави АП.

Во некои делови од Северна Каролина и Вирџинија во неделата во попладенвните часови паднаа повеќе од 30 сантиметри снег. Во овие области повеќе од 300 000 домаќинства останаа без електрична енергија.

OhridNews

Макфакс