Дебрца е дел од светското културно наследство и секоја промоција на нејзините историски и културни вредности преку најразлични културни содржини е во функција на нејзиниот културен и севкупен развој. Без спознанието за нашето минато, иднината ќе ни биде целосно неизвесна, напиша на фејзбук профилот градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Во рамките на проектот “Дебрца-неизгаснати огништа” ќе се подготват 6 документарно-патописни репортажи под рaботен наслов „Патуваме низ Славна Дебрца“, документарен филм за Дебрца и романизирана историска повест / книга, додава Ногачески.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на општина Дебрца согласно Годишната програма за развој на културата за 2021 година. Имплементатор на проектот е Мариово Филм, а досега е снимен документарниот филм за Славната Славеј Планина.
OhridNews












