Со 80 гласа за Собранието вечерва ја донесе одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Покрај 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата меѓу кои Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канчевска-Милевска, Владанка Авировиќ, Крсто Муковски, Зекир Рамчиловиќ.