Сите граѓани кои ќе купат стан од „Адора Инженеринг“ на меѓународниот  саем за недвижности Real Expo-2013, во Скопје, од 5 до 9 март, ќе бидат наградени со незаборавно патување во светската туристичка и градителска  атракција Дубаи.

Со ова вредно изненадување и специјалниот саемски попуст,  компанијата сака на сите купувачи кои го препознаваат врвниот квалитет во домувањето што таа го нуди, да им возврати за довербата. На овој начин  продолжува традицијата на наградни патувања во Дубаи со „Адора Инженеринг“, што започна на прославата на 10 годишниот јубилеј на компанијата.-информираат од компанијата.

„Адора Инженеринг“ на своите купувачи им нуди ретка можност да станат сопственици на нов висококвалитетен дом, за што компанијата во првите три години ги субвенционира во плаќањето на каматата од 3,2% на станбениот  кредит, во соработка со Стопанска банка. Со овие доста поволни услови на кредитирање, граѓаните можат да купат нов енергетски ефикасен стан, изграден со примена на најновите светски стандарди и технологии за заштеда на енергија и пари, во елитните станбено-деловни објекти на „Адора Инженеринг“ во Скопје-Центар-Под Водно, Скопје-општина Аеродром-Ново Лисиче, во Охрид-Билјанини Извори и Струмица-Парк.
   
Во инвестициските проекти на „Адора Инженеринг“ годинава е и изградбата на современиот трговски центар во близина на станбената населба на оваа компанија во општината Аеродром во Ново Лисиче, Скопје, во близина на новиот парк со авион, каде се гради црквата „Свети Јован Крстител“, што оваа компанија и нејзиниот генерален директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја донираат за  жителите на оваа општина, Скопје и Македонија.

OhridNews