Со анкета се мери рејтингот на потенцијалните кандидати и актуелниот градоначалник
15.10.12 07:00
Доколку следниот викенд се одржат Локални избори, дали ќе гласате и за која политичка опција? – Ова е едно од многуте прашања што во телефонската анкета која деновиве се спроведува во Охрид, им се поставува на потенцијалните гласачи. Се бараат информации која политичка опција им е поблиска на граѓаните, што мислат за актуелниот градоначалник и неговото владеење и дали заслужува трет мандат, како и какви се шансите на потенцијалните кандидати за градоначалник на претстаојните избори.
Во анкетата се наведуваат повеќе имиња на актуелни политичари и личности блиски на ВМРО ДПМНЕ, за кои се бара од граѓаните да го дадат своето мислење.
Анкетите не се ништо неовообичаено во политичката пракса. На овој начин партиите го испробуваат пулсот на гласачите.
Засега во Охрид, само СДСМ го истакна својот кандидат за градоначалник. Александар Петрески доби партиска поддршка за трет мандат, а дадената довербата социјалдемократите ја оправдаа токму со резултатите од спроведените анкети во кои актуелниот градоначалник имал најголем рејтинг во однос на останатите кандидати во партијата.
Музичкиот едиторијал во „Nocciolino Lounge Bar“ продолжува со одбрани звуци, урбана атмосфера, мезе и вино што го следат ритамот на музиката „Nocciolino Lounge Bar“ најавува ново музичко доживување...
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.