Денес по четврти пат во Охрид се одржа Бадниковата литија во Охрид. Децата, пеејќи ја песната Вечниот бог, со ѕвончиња и ѕвезди во рака децата на симболичен начин го навестија Христовото раѓање.
Поворката тргна од црквата „Св. Ѓорѓија“, по што продолжи по улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ по што пристигна на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде децата коледари беа дарувани. Манифестацијата заврши со ручек во црквата Св. Богородица – Каменско.
Во чест на Христовото раѓање Божик, на градскиот плоштад беше поставена макета на пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот „Св.Ѓорѓи Победоносец“ од Рајчица.
OhridNews