
Врвни професори од Германија придружени од мекедонски колеги ќе ги водат студентите низ процесот на дизајн на успечни бизнис модели за општествено претприемништво.
„Мрежата во изминатите 4 години од основањето организираше повеќе од 15 летни школи, и искуството покажува дека соработката на студенти од различни земји може да придонесе за регионален пристап кон проблемите и можноста младите претприемачи да придонесат за економски развој на регионот. Фактот дека ДААД- Агенција за германска академска размена финансиски ја поддржува работата на мрежата од година во година е уште еден доказ за успешноста на соработката. “– изјави проф. д-р Петер Шулте, предавач во рамки на школата и кспертски советник за меѓународна универзитетска соработка од Институт за европски прашања со седиште во Дортмунд.
Организатор на настанот е Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а целта е да се поттикнат претприемачите во државата да соработуваат со колегите од регионот.
-Ваква школа за развој на идеи и бизнис модели за работење на општествени претприемачки фирми за прв пат се одржува во Македонија, и уверени сме дека ќе претставува поттик за инвестирање во добросостојбата и човечкиот капитал по пример на европски напредни економии.“ – изјави Македонка Димитрова на отворањето на школата.











