Денеска во 20 часот на отворената сцена во струшкото село Нерези, започнува културно уметничката манифестација „Денови на долнодримколската култура и традиција“.
На сцената ќе настапат ансамблот „Биљана“ од с..Ложани Струга, етно групата „Езгија“, Рубин Благадуша, а гости во музичката програма се Ленче Маркоска, Петко Чавкоски и Дарко Попоски.
Исто така, ќе биде промовирана новокомпониранта македонска нардона песна посветена на „Долни Дримкол“ во продукција на РБ продуцтион, а во изведба на Благадуша.
Настанот ќе биде збогатен со промоција на книгата „Безево, култура и традиција“ од м-р Ристе Нуамоски, промоција на долнодримколската народна носија, а од 21:30 часот публиката ќе ја забавува познатиот охридски станд-ап комичар, Никола Тодороски.
OhridNews