Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид, од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, со цел подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на овие лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата да им се обезбеди грижа и помош.
Во рамки на одбележувањето, на 21-ви ноември, предвидено е да се одржат предавања кои ќе се осврнат на причините, последиците и превенцијата, како и предавање за бенефитот од користењето на слушните апарати што ќе се одржи на 4-ти декември.
На 19-ти ноември, ќе се извршат и посети на болните и изнемоштени стари лица во рурални населби во општините Охрид и Дебарца од страна на тим на стари од Програмата за Грижа за стари лица на Црвен крст Охрид и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со цел, комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, основни здравствени прегледи и превентивни препораки; притоа, делење на хуманитарни пакети за стари лица во социјална загрозеност и ризик.
На 20-ти ноември ќе се посетат старите лица во Одделот за геријатрија при Општа болница Охрид на кои ќе им бидат доделени производи од Градината на заедницата, а че им ги доделат членови на Програмата за грижа за стари лица „Најди време„ при Црвен крст Охрид, здружение, жени „Бисера“, здружение „Брег на младоста“, средното училиште „Кирил и методи“ и други субјекти, активност поддржана од Американскиот мировен корпуст и УСАИД.
Се организира и избор на најдобрите литературни и ликовни творби од Конкурс за поезија, проза и ликовна уметност.
Во текот на оваа недела во Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ќе се организира и меѓугенерациска средба во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади ќе се дружат преку заеднички игри (шах, табла, пикадо, цртање..). Целта на оваа дружење е да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит.
OhridNews












