По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, понеделник, 5-ти јануари, бродовите Александрија 1 и 2 ке пловат до манастирот Св.Наум по симболична цена од 100 денари. Карти можат да се купат и денеска во бродовите кои се закотвени на градското пристаниште.

Поаѓањето е во 8:00 часот од градското пристаниште, односно во 08.30 од селото Пештани и 8: 45 од селото Трпејца.

Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот на југот од Охридското Езеро.

OhridNews