Во рамките на кампањата за одбележување на Неделата на млади на Црвен крст, од денес до 9 октомври, Црвен крст Охрид реализира разновидни активности насочени кон промоција на организирањето и вклученоста на младите во активностите на Црвениот крст.

Почетокот на кампањата ќе го означи парадата на волонтерите на Црвен крст Охрид од редот на младите, низ улиците на Охрид, која ќе продолжи со интерактивна презентација на разновидните активности на младите на Црвен крст Охрид, на градскиот плоштад Св. Климент Охридски со почеток во 12 часот.

OhridNews