Градоначалникот Александар Петрески , присуствуваше на светата архиерејска литургија и поставувањето на камен- темелник на новите конаци во манастирот „ Света Богородица Пречиста“ во близина на Кичево, во рамки на одбележувањето на 45 годишнината од прогласувањето на вознобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква, кога во светиите беа впишани Пречистанските преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.
Градоначалникот Петрески присуствуваше и на општонародниот собир кај манастирот „ Свети Илија“ во близина на Велгошти.
Истовремено, делегација на Советот на Општина Охрид, во градскиот парк, пред Спомениците на Христо Узунов и Методи Патче, предводена од претседателот на Советот Душко Јаковчески, положи свежо цвеќе. Потоа делегацијата на Советот се упати кон селото Плаќе каде што учествува во свечената церемонија по повод празнувањето на Илинден.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com