Брзата и присебна интервенција на охридската противпожарна служба, вчера на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, спречи пожар од поголем размер. Според информациите на службата, на горенаведената локација , опожарен бил објект, киоск-сендвичарата во близина на поранешно „Макси Д“.
Пожарот во противпожарната служба е пријавен во 18 часот, а на лице место пожарникарите се појавиле за рекордни 3 минити. По неколку минутна интервенција, во 18:10 минути, пожарот е целосно ликвдиран, изјави Командирот на ТППЕ – Охрид, Спасе Прентовски.
Во интервенција, употребени се С – противпожарни апарати. Опожарени се фритеза и вентилаторот под пареа-собирачот. Како можна причина, покрај невнимателност, посочено е и откжувањето на термостатот за температура на фритезата. Прентовски исто така потенцира дека маслото кое се користи во фритезите има определена точка на вриење. Со ненавремено менување, точката на горење се намалува, а со тоа и ризикот од појава на пожар.
Инаку во пожарот е настаната незначителна матријална штета. Според законот, за зашита и спасување, вработените лица во Република Македонија, мора да знаат да ракуваат со противпожарните апарати.












