Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги продолжува активностите поврзани со републичката кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“, што на седми месецов отпочна од Охрид.

  • Во рамките кампањата што во Охрид ќе трае до 14.07.2018 година, ќе се реализираат повеќе превентивни активности од едукативен и превентивен карактер со цел подигнување на сообраќајната култура и јавната свест за поголема одвоворност кај сите учесници во сообраќајот. Кампањата ќе заврши во сабота со големо  дефиле на моторциклистите од Охрид „Носам кацига-легално е“, кое ќе почне во десет часот од градското пристаниште. Во дефилето ќе учествуваат  моторциклисти од мото клубовите од Охрид како и граѓани рекреативци,информира претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски.

Учесниците ќе се движат по следната траса: градското пристаниште-кеј „Македонија“-хотел „Гарден“-„Асном“ кружен кон булевар  „Туристичка“-кружен кај гимназија-„Димитар Влахов“- „Македонски просветители“пристаниште. Потоа, на неколку сообраќајници во Охрид ќе бидат поставени сообраќајни пунктови составени од членови на мото клубовите и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, кои, на мотоциклистите ќе им делат едукативен материјал со совети за доследна употреба на заштитниот шлем-кацига при управување со моторциклите. За успешна реализација на мото дефилето, ќе се погрижи СВР Охрид.
Целта на оваа сообраќајна манифестација е едукација и издигнување на сообраќајно-безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на совеста за одговорно учество во сообраќајот а посебно кај ранливата категорија како  и севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот и корисност од носење заштитен шлем-кацига, потенцира Димоски.
Со цел успешна реализација на  мото-дефилето „Носам кацига-легално е“ и успешен финиш  на неделата на безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“ во Охрид, се упатува покана за учество до сите граѓани на Охрид, до велосипедските клубови и до сите останати заинтересирани мото  рекреативци, да се приклучат на манифестацијата.

OhridNews