На 18 март оваа година, пријавените по претходно повеќедневно планирање, со употреба на огнено оружје – пиштол, кој нелегално го поседувале и со полевање со бензин, го лишиле од живот Кадри Н.(71) од с. Зајас, инаку татко на првопријавениот. Причина за убиството биле повеќегодишни нарушени семејни односи помеѓу првопријавениот и неговиот татко.
Убиството се случило кај местото викано „Сеферов бунар„ во близина на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во ПМВ марка „Мерцедес„ сопственост на Кадри Н. Убиството го извршила второпријавената која претходно повеќе пати остварила телефонски контакти со Кадри Н. од различни мобилни оператори,обидувајки се да го намами на средба. Тоа го направила по претходен договор со првопријавениот, инаку нејзин пријател. За таа цел, таа од првопријавениот добила 500 евра со цел да набави огнено оружје, по што на 18 март оваа година, откако го обезбедила пиштолот, со изнајмено ренат кар возило пристигнала во Кичево, по што се сретнала со првопријавениот кој и го репетирал огненото оружје. Истиот ден, околу 14 часот, во Кичево второпријавената се сретнала со Кадри Н. по што се упатиле кон местото„ Сеферов бунар“. Со изнајменото возило првопријавениот ги следел, а претходно обезбедил шише со два литри бензин.
Кога пристигнале на споменатото место во моментот кога Кадри Н. го запрел своето возило, второпријавената од пиштолот веднаш кон него испукала два куршуми во пределот на срцето и вратот. На местото на настанот веднаш пристигнал и второпријавениот, кој со бензин го полеал телото на неговиот татко и возилото и го запалил. По убиството, второпријавената му го дала пиштолот на првопријавениот и заминала со изнајменото возило, а првопријавениот пеш го напуштил лице местото, фрлајки го пиштолот во блискиот поток. Од страна на полициски службеници, пронајден е пиштолот и е предаден за понатамошна постапка.