Коалиција на младински организации СЕГА во периодот деновиве, во Струга ја реализира обуката за подготовка на предлог проекти во рамките на Европската програма Еразмус +. Во рамките на обуката учествуваат младински организации кои се членки на Коалиција СЕГА, како и преставници од средни стручни училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип, Струга и Гостивар.

Целта на обуката е да се развијат и зајакнат капацитеите на организациите, членки на Коалиција СЕГА, како и на училиштата во насока на подготовка на квалитетни проекти во рамките на Еразмус + програмата. Фокусот на обуката е насочен кон Клучната акција 1 и Клучната акција 2 од програмата, како и кон интеркултурната димензија на соработка која е една од приоритетите на програмата.

– Ние како Коалиција континуирано работиме на подобрување на знаењата на членките и подобрување на нивните вештини во подготвување на квалитетни проекти. Верувам дека после оваа обука, организациите и училиштата ќе подготват одлични проекти со кои успешно ќе аплицираат на следниот повик од Националната агенција за Европски програми и мобилност, вели Зоран Илиески – Извршен Директор на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Овие активности се организираат во рамките на проектот „Имплментација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“, кој Коалиција на младински организации и, со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 26 членки.

OhridNews