Познатиот трговски ланец „ДОН Примус“ во својот маркет лоциран на улицата „Јане Сандански“ денеска и утре (на 10-ти и 11-ти јуни) организира Промоција на производите од асортиманот на Светскиот производител Procter & Gamble (P&G) во рамки на наградната игра „Со P&G до вредни награди!“

Во наградната игра се вклучени производите од брендовите Always, Ariel, Lenor, Head & Shoulders, Pampers, Pantene, Tide, Fary, Gillette, Bonux, Naurella, Discreet …

Право на учество во наградната игра има секое полнолетно лице кое наполнило 18 години и кое ќе купи производи на P&G во вредност од најмалку 299 денари. Со купување на производите од оваа вредност, учесникот добива грепка на специјално поставениот штанд пред маркетот „ДОН Примус“. Секоја грепка е добитна.

Промоцијата од наградната игра ќе трае во периодот од 10 до 18 часот.

OhridNews