Со донација од охриската фирма Инфо Биро, саниран е дел од покривот на охридскиот Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Како што информираат од болницата, фирмата позитивно одговорила на повикот за донации, со кои ќе се санираат одредени делови од здравствената установа, во која години наназад не е инвестирано.
Со сопствени средства од фирмата Инфо Биро поправен е кровот, кој прокиснуваше долг период, а кој се наоѓа над просторијата во која пациентите се хранат. Заменети се и старите олуци со нови.
Од болницата изразуваат голема благодарност до Инфо Биро и потенцираат дека акцијата за санирање и средување на Заводот за кардиологија со средства од донации продолжува и во наредниот период.
OhridNews














