– Ова е тема за која треба што почесто да се говори , бидејќи станува збор за појава која се провлекувала во минатото и ќе продолжи да се провлекува и во иднина. Не може сосема да исчезне, но колку повеќе децата, родителите и наставниците се едуцираат , толку повеќе ќе можат да се спречат или минимизираат ваквите појави кои во детските души оставаат длабоки траги, вели Анета Јованоска од Црвен крст Охрид.
На работилницата стана збор и за мерките кои треба да се превземат доколку се открие случај на злоупотреба, како и каде и од кои институции да се побара помош. На неа беа поканети да учествуваат директорите на училиштата во општина Охрид и Дебрца, стручните служби при образовните установи, претставници од родителите и наставниците.
Проектот се спроведува од страна Црвениот крст во соработка со министерството за труд и социјална политика.