Министерството за внатрешни работи, во соработка со Министреството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, денеска ќе започне со реализација на Проектот„Стоп за злоупотребата на безвизниот режим“ со целна група – ученици, родители и наставници.
Преку превентивниот- проактивен концепт на работа „Полицијата поблиску до граѓаните“ Граничната полиција со Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи, а во тесна соработка со претставници од ресорните министерства, во основните и средните училишта во РМ ќе ја продолжат Кампањата за подигање на јавната свест кај граѓаните.
Основна цел на Проектот, кој стартува од кумановско, е преку едукација за значењерто и правилната употреба на безвизниот режим, да се одговори директно на прашањата на целната група и дилемите врзани околу оваа тема, од компетентни претставници на МВР.
На работилницата присутни ќе бидат и Амбасадорот на Белгија во Софија кој воедно ја покрива и Р.Македонија, претставници на Министерство за образование и наука и Миграциски сервисен центар – Скопје. Исто така на работилницата ќе бидат присутни и претставници на Одделот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ.












