Со едукација против насилството меѓу адолесцентите
19.03.08 00:45
Насилството меѓу адолесцентите „Темната страна на љубовта“ е тема на новиот проект на Младиснкиот Совет -Охрид, што со реализација ќе отпочне утре. Долгорочна цел на проектот е превенција од насилството помеѓу младите, создавање на услови погодни за почитување на човековите права и унапредување на родовата рамноправност. Преку проектот младите ќе се информираат за причините и последиците од насилството во врска, и ќе им бидат презентирани повеќе техники за препознавање на насилството, и унапредување на вештини потребни за остварување на квалитетни врски
Со проектот ќе бидат опфатени ученици од средните училишта во Охрид, Струга и Ресен, на возраст од 15 до 18 години, како и родители, наставници и невладини организации. Ќе биде подготвен и испечатен прирачник за едукатори кој ќе содржи програма за превенција и едукација за насилство во адолесцентните врски, како и брошурка ,,Темната страна на љубовта,“ која ќе опишува љубовната врска на двајца млади адолесценти и проблемите во нивната врска. Исто така ќе биде организиран и семинар на кој учество ќе земат 20 преставници од младински невладини организации од Охрид, Струга, Ресен и Битола.
Општина Охрид и годинава е дел од Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ од денес до 22 февруари Заедно со Министерството за култура...
На 18022026 во 22:00 часот на магистралниот пат Струга-Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 54-годишно лице од Струга При извршена контрола во сообраќа...
Човечкиот фактор, според експертите, но и според визуелната опсервација, се покажува како главен причинител за актуелната состојба со водата за пиење во селото Шум, вели градоначалникот на Општина...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.