Општина Охрид-Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица, по повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови организира еко хепенинг.

Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад, утревечер, од 19 до 23 часот. Годинава овој ден ќе се одбележи со промоција на охридскиот планински чај од Галичица, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај.

Проектот за Прослава на денот на националните паркови е дел од проектите за одбележување на значајните денови од екологијата кои се реализираат во склоп на годишната програма за заштита на животната средина и природата.

OhridNews