На граничниот премин „Свети Апостол Павле“, вчера, за излез од РМ се пријавил да патува 28-годишно лице од Наполи–Италија, со италијанска лична карта за која било констатирано дека е фалсификат.

Од извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта на име К.Г.(26) одТирана.

Лицето е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.

OhridNews