Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Пријавените во периодот од март до јуни 2015 година, со фалсификување платежни картички на странски државјани направиле повеќе од 1000 фиктивни резервации на нивната фирма. Пријавените преку интернет набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, со кои извршиле повеќе успешни нелегални трансакции на ПОС Терминал во правно лице во период од март до мај 2015 година, односно преку нивната интернет страна правеле резервации за фиктивни аражмани, внесувајќи податоци од платежни картички кои биле претходно фалсификувани и злоупотребени.
На овој начин двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 4.696.167.00 денари.
OhridNews