Нискотарифниот авиопревозник „Флајдубаи“ од 19- ти  јануари идната година стартува со летови од Дубаи до Мале, главниот град на Малдиви, што овозможува оваа атрактивна туристичка дестинација да стане подостапна и до македонските граѓани за ниски цени.

Како што се најавува ќе има летови петпати неделно меѓу Терминалот 2 во Дубаи и меѓународниот аеродром „Ибраим Насир” на малдивскиот остров Мале.

Почетната цена на повратните билети од Дубаи до Мале е околу 370 евра. Во оваа сума влегуваат сите такси плус едно парче рачен багаж што тежи максимално седум килограми и една мала лаптоп или рачна торба. За пријавен багаж до 20 килограми се плаќаат дополнителни 10 евра, а за седиште со повеќе простор треба да се доплати околу 20 евра.

OhridNews