Амбасадорката на СР Германија,Гудрун Штајнакер и градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, денес потпишаа договор за донација во висина од  8427 евра, за финансирање на комплетната рехабилитација на каптажите на водоводниот систем и стариот збирен резервоар во селото Куратица.

Германската поддршка е дел од средствата на Сојузното министерство за економска соработка и развој со кои се финансираат мали проекти во рамките на техничката соработка, кои претставуваат важен инструмент на соработка меѓу С.Р. Германија и Р. Македонија.

Вкупната вредност на проектот изнесува 653,567.00 денари или 10662 евра и истиот е подготвен од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Советот на месната заедница од село Куратица.

Водоводниот систем во селото Куратица е изграден пред 30 години и поради застареност и нефункционалност  често пати се појавуваат проблеми во водоснабдувањето на 120 селски домаќинства.

OhridNews