Просторот на Сараиште беше претесен да ги прими бројните посетители и љубители на староградската песна кои присуствуваа на хепенингот кој вчеравечер се оддржа по повод 60 годишниот јубилеј од формирањето на познатиот охридски ансамбл „Билјана“ и 21-та годишнина од независноста на Македонија.

На хепенингот, настапија ансамблот „Билјана јуниор“, гимназискиот хор, Петар Нечовски, Емилија Ѓореска,  Катерина Бачевска, Ивица Стојановски ФИЦ  и други.

Настанот помина во одлична атмосфвера. На еден достоинствен начин се одбелеза овој јубилеј, а воедно и независноста на Република Македонија. Се надеваме дека ги исполнавме очекуваата на гостите кои го следеа настанот, велат од ансамблот „Билјана Јуниор“.

За историјатот на ансамблот, од неговото формирање во 50- те години од минатиот век, па низ годините, говореше проф. Д-р Драги Стефанија.

Охридскиот ансамбл „Билјана“, познат насекаде низ некогашните југословенски простори, пред 60 години беше формиран од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски – Сингл,  Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски за потоа да згасне во 2002 година.

Од пред две години нивниот пат го продолжува новиот ансамбл „Билјана Јуниор“, овој пат составен од група млади охриѓани, кои верно ги следат стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии.

OhridNews