Sky Corner

2020-02-22 13:00 - 2020-02-23 01:00

Веќе една година хотелско-угостителската понуда на Охрид е побогата за супер модерниот и концептуално уреден капацитет, хотелот „Sky Corner“. Понудата на „Sky Corner“ е квалитативен исчекор на охридската ривиера и додадена вредност за охридскиот туризам кој тежнее кон исполнување на светските стандарди.

Првиот роденден „Sky Corner“ ќе го одбележи со целодневна забава во сабота, 22 февруари, на која ќе настапат Dj Face и „Куку Леле“. По тој повод ќе има многу изненадувања и специјални понуди за посетителите. Денската забава почнува во 13 часот, а настапот на „Куку Леле“ е најавен за 21 часот.

Иако постои само една година „Sky Corner“ постави високи стандарди. Освен пијалаци и коктели, тука ќе најдете и врвни специјалитети, подготвени од светски гастрономи, внимателно послужени од одлично обучен персонал.  Неделите, пак, во „Sky Corner“ станаа препознатливи по извонредната понуда за ручек со семејството или пријателите. Хотелот располага и со модерен центар за масажа, каде од неодамна во функција се ставени термомасжни кревети и фотељи на Супер Орто, со што секој може да си приушти масажа по достапни цени.

За љубителите на добрата забава „Sky Corner“ го најавува гостувањето на одличниот Неша Галија, што ќе се случи после роденденската забава.

OhridNews