Органзицијата на патувањето е фасцинантна. Возачите во Охрид допатуваа со автобус, а нивните мотори со специјален шлепер.
Моќните машини на две тркала се симнуваа со вилушкар, а откако внимателно беа проверени, се паркираа во гаражата на хотелот „Ројал“ каде се сместени гостите од Австрија. Меѓу нив има доктори, адвокати, бизнисмени. Дел во Охрид допатуваа со сопругите, а меѓу возачите има и дами.
Вкупно 28 мотори Harley Davidson деновиве ќе татнат низ Охрид, а австриските моторџии ќе ги посетат уште Битола и Маврово, а за крај планират да реализираат и тура околу Охридското Езеро.