Петнаесет годишно дете, неговиот татко и нивни повозрасен роднина, кои биле на викенд во Ржаново струшко поради снежното невреме неколку дена беа отсечени од светот. Тие денеска успешно се евакуирани со хеликоптер на МВР.
Како што информираат од СВР Охрид, спасувачката акција успешно била реализирана, а евакуираните лица се во добра здравствена состојба.
Г.М.