Како што информираат од ЦУК активностите за снабдување со храна и лекови на отсечените села поради снегот, продолжуваат и во наредните денови.
Досега, по воздушен пат се снабдени над 60 села во вкупно 17 општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, во општина Струга, и понатаму не се проодни патните правци за селата Вишни, Горна Белица, Луково, Безево, Пискупштина, Нерези, Модрич, Дренок, Бороец и Јабланица, Како и селата во Малесијата (Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци и Буринец).