По повод првиот училишен ден во основното училиште „Григор Прличев“ се оддржа централната свеченост на која присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески кој на првачињата им посака среќна и успешна учебна година.
– Особено задоволство ми е да ги поздравам првачињата кои прв пат седнуваат во клупите. На Вас родителите би ви порачал да им објасните на вашите првачиња какви обврски ги чекаат, но при тоа да не им поставувате нереални цели. Ним сте им најпотребни и кога ќе се појават потешкотии и неуспеси, а не од нив да очекувате само петки, им се обрати на присутните родители и ученици градоначалникот Петрески.
Тој потенцира дека очекува несебичен пристап и од страна на педагошките работници кон што поуспешен вовед во образованието на првачињата.
– Се надевам дека сите заедно ќе изградиме здрава образовна средина за нашите идни генерации, додаде градоначалникот.
Пригодна свеченост по повод првиот училишен ден на првачињата се оддржа и во останатите основни училишта во градот.
Во општина Охрид во новата учебна година стартуваа над 500 првачиња. Во учебната 2012/2013 година во основните училишта во земјава настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои првачиња се 20.700.












