– Од денес училиштето може непречено да работи и да ја извршува својата основна дејност- образованието. За возврат од директорката и вработените очекуваме максимално да се посветат на образовниот процес, рече Спасески по средбата со директорката Силвија Мојсоска и вработени во училиштето.
Од страна на директорката Мојсоска беше искажано задоволство од решавањето на тешката финансиска состојба во која досега се наоѓаше училиштето.
– Поради неисплатените сметки деновиве постоеше опасност од прекин на електричната енергија во училиштето, а телефоните веќе беа исклучени.За среќа дел од проблемите се надминати, а во иднина со домаќинско работење ќе се справуваме и со тековните проблеми кои ќе се појавуваат, рече директорката Мојсоска.
Денешната посета на ОУ „Григор Прличев“ е прва од низата посети кои ќе се вршат во сите иснституции под надлежност на локалната самоуправа.
– Кога дојдовме како ново раководство веднаш извршивме анализа на состојбата на училиштата, при што заклучокот беше дека образовните институции во општината се соочуваат со сериозни проблеми кои не овозможуваат посветување на основната дејност- образование на децата. Училиштата имаа натрупани долгови за електрична енергија, набавена нафта, неисплатени телефонски сметки итн.Ние веднаш пристапивме кон решавање на ваквите проблеми. Правиме дополнителни напори, дел од средствата со кои располага локалната самоуправа да ги насочиме кон плаќање на комунални трошоци на образовните институции, рече Спасески.
Според најавите од локалната самоуправа, финансиските проблеми со кои се соочуваат и останатите образовни институции во општината, ќе бидат надминати до почетокот на идната учебна година .