НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со воспоставената практика-со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.

Овој јануари се одбележуваат родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски. Во читалната на библиотеката од денес до 29 јануари ќе  бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори.

Во јануари е роден и патронот на библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално се на 5 и 6 февруари со „Прличевите беседи“ и „Прличевата визита“.

OhridNews