Пријавениот, во периодот од месец Април минатата, до месец Јули оваа година, со намера за себе да присвои против-правна имотна корист, во заблуда го донел Холандскиот државјанин Ј.Ј., лажно прикажувајќи документи дека ќе му овозможи стекнување приходи од издавање на куќа и луксузен апартман со што за себе остварил имотна корист од 237.150 евра.
Со цел да го уреди својот дом, пријавениот Б.К. во мај 2009 година, му предложил на Холандскиот државјанин тој да инвестира во реновирање и доградба на неговата куќа во Охрид, ветувајки му поделба на куќата на пола, а потоа куќата ќе требало да се издава на лица од Француската Амбасада за сума од 30.ооо евра. Во текот на летниот период лани, кога Холандскиот државјанин дошол на одмор во Охрид, пријавениот го однесол кај стамбен објект во изградба во близина на општината и му кажал дека имал намера да го купи последниот кат со околу 142 м.2 и да го претвори во луксузен апартман кој ке го издавал на странци од Турција и Франција. Да биде поубедителен, пријавениот го запознал со еден приватен стопанственик од Охрид претставувајќи го како градител на објектот. Доведен во заблуда дека со издавање на апартманот ќе стекнат приходи од 30.ооо евра годишна кирија и дека апартманот ќе биде во целосна сопственост на Холандскиот државјанин, истиот во неколку наврати на пријавениот Б.К. му дал вкупно 115.65о евра.
Со образложение за полесно и побрзо издавање под ќирија на куќата и апартманот, пријавениот Б.К. од оштетениот побарал и мебел и уметнички дела за нивно опремување за што преку Холандска компанија, му бил испорачан луксузен мебел, уметнички дела и антиквитети во вредност над 50.ооо евра.
Инаку, против пријавениот се води судска кривична постапка за кривично дело „Бесправно градење„ за неговата куќа. Пријавениот Б.К. во 2008 година преку е-маил контакти се запознал со Ј.Ј. од Холандија, лажно претставувајќи се дека е менаџер во Канада со своја куќа која ја продал заради студии како контролор на летање во Прага и дека во Охрид е значајна и почитувана личност.
извор: СВР- Охрид