СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.
На 12-ти април годинава, по претходно објавен оглас, пријавениот телефонски стапил во контакт со 33-годишно лице од охридското село Лешани и лажно претставувајќи се дека е претставник на Синдикатот од Државна болница Мајка Тереза во Скопје, побарал лицето од Лешани да му продаде, односно да му заколе 10 јагниња од по 40 килограми.
Следниот ден, по претходен договор пријавениот дошол кај сопственикот на јагнињата, ги натоварил во возилото и се оддалечил во непознат правец, без да ги плати истите.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.












