СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело “измама“ и сторено кривично дело “помагање“ в.в. кр.дело “измама“.Две лица се во бегство, три се предадени во Истражен затвор, а на останатите им е одредена мерка притвор.
Откако на 1 овој месец од страна на Министерството за транспорт и врски бил распишан оглас за распределба на меѓуопштински и возни редови, на истиот аплицирало лице – Управител на две правни лица од Струга, но на Прелиминарна листа која била јавно објавена на веб страна на Министерство за транспорт и врски, истите биле одбиени. Дознавајќи го наведеното, пријавените се договориле и оствариле телефонски контакт со оштетениот, при што едно од пријавените лица лажно му се преставило како извесен директор во Министерството за транспорт и врски, и го известил дека апликациите од неговите фирми за вршење на меѓународен превоз на лица не поминале, но како директор може да му помогне за нивно одобрување. Притоа, на договорената средба во хотел во Охрид отишле шестте пријавени лица, каде на оштетениот му било кажано дека може да му завршат работа неговите фирми да добијат две линии за вршење на меѓународен превоз на лица, ако плати 10.000 евра за двете линии, од кои 5.000 евра да се исплатат веднаш за да не биде пропуштен терминот во системот за јавно надавање. Истата вечер, се сретнале на бензинска пумпа МАКПЕТРОЛ АД на излез од Охрид, каде оштетениот дал 5000 евра, а за остатокот од 5000 евра се договориле да ги донесе во Скопје на 20. овој месец.
На 21.10. на договорена средба во кафе-бар лоциран во „Сити мол“ Скопје, второпријавената од оштетениот примила уште 5000 евра, а од нејзина страна му била предадена фалсификувана документација претходно изготвена од четвртопријавениот , наводно издадена од Министерството за транспорт и врски за распределба на меѓуопштински и возни редови и возен ред за меѓународна линија Струга-Алсбург на име на едно од правните лица.
Врз основа на усна наредба од судија на претходна постапка, наведениот ден извршен е претрес на пријавената при што кај неа се пронајдени предметните банкноти и истите се одземени, додека од оштетениот е одземена документацијата која му била дадена од страна на пријавената. Од оштетениот и две пријавени лица одземени се мобилени телефони со кои остварувале контакти во критичниот временски период.
Врз основа на Наредби од Основен суд Скопје 1 Скопје извршени се два претреси во домовите каде привремено престојувале тројца од пријавените лица вклучени во измамата при што одземени се предмети и документација за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Инаку, во претходниот период против пријавените биле поднесувани кривични пријави за извршени други кривични дела.
OhridNews